Црвенковски и Милошоски во Њујорк на 63-то Генерално собрание на ОН

Претседателот Бранко Црвенковски и министерот за надворешни работи Антонио Милошоски учествуваат на генералната дебата на 63. Генерално собрание на ОН што од денеска до 27 септември се одржува во Њујорк.

Branko Crvenkoski
Branko Crvenkoski

Претседателот Бранко Црвенковски и министерот за надворешни работи Антонио Милошоски учествуваат на генералната дебата на 63. Генерално собрание на ОН што од денеска до 27 септември се одржува во Њујорк.

Црвенковски и Милошоски ќе учествуваат и на повеќе други форуми во рамките на Генералното собрание на Светската организација, а ќе имаат и серија билатерални средби.

Шефот на државата денеска ќе се сретне со претседателите на Турција и на Србија, Абдула Ѓул и Борис Тадиќ, а шефот на дипломатијата со министрите за надворешни работи на Шведска и на Словачка, Карл Билт и Јан Кубиш, како и со претставници на Американскиот еврејски комитет.

Контактите со многубројните странски државници и дипломати во Њујорк, и двајцата ги почнаа синоќа, Црвенковски на приемот кај претседателот на САД Џорџ Буш, а Милошоски на приемот што го приреди холандскиот премиер Јан Петер Белкененде.

Antonio Milososki Branko CrvenkoskiЗасега нема официјална најава дека македонските претставници ќе се сретнат и со грчката делегација што ја предводи министерката за надворешни работи Дора Бакојани, но потврдени се средбите со Даниел Фрид, помошникот на американскиот државен секретар Кондолиза Рајс, како и со посредникот на ОН во разговорите за името Метју Нимиц.

Средба со Нимиц в среда ќе има и Бакојани. Грчкото МНР во соопштението за нејзините активности во Њујорк, најавува дека таа за прашањето за името ќе разговара и со генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун.

На 63. заседание на Генералното собрание присуставуваат шефови на држави и влади, како и министри за надворешни работи на 192 земји членки на ОН. Централни теми ќе бидат реформата на Светската организација, гарантирањето на мирот и стабилноста, борбата против тероризмот, заштитата на човековите права и на животната средина, како и прашања поврзани со општествениот и економскиот развој. Ќе стане збор и за Косово, односно за барањето на Србија, Меѓународниот суд на правдата да се изјасни за законитоста на одлуката за признавање на косовската независност.
Генералното собрание е главниот советодавен орган на ОН, а го сочинуваат претставници на сите земји членки на Светската организација.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top