Олабавување на старите, но и сет нови предлог мерки во борабата со COVID-19 во земјава

Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести на утрешната седница на владата ќе и ги достават предлог мерките да се скрати полицискиот час и преку неделата и за време на викендот, но ќе се достават ии нови предлог мерки за задолжително носење на заштитна опрема во затворени простории и на отворено каде не е можно да се одржи дистанца подолга од два метри.Трендот на намалување на новозаболени лица со ковид-19 регистриран во последните два дена не значи дека врвот на епидемијата со коронавирусот е зад нас. Според министерот за здравство Венко Филипче, тоа е резултат на намалениот број на тестирања за време на празниците. Врвот на болеста, како што вели, допрва нè очекува.

 |   | 

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната апорес конференција истакна дека се задоволни од начинот на кој се спрвауваат со епидемијата на КОВИД 19 во земјава. Тој објасни дека бројот на заболени се движи линеарно, поради што на владата ќе и ги достават предлог мерките да се скрати полицискиот час, од понеделник до како и за време на викендот. Исто така на дневниот ред на седницата на Владата која треба да се одржи утре ќе се најдат и новите предлог мерки за задолжително носење на заштитна опрема во затворени простории и на отворено каде не е можно да се одржи дистанца подолга од два метри.

Полицискиот час да почнува секој работен ден во 19 часот наместо во 16 часот. Со ова ќе се добијат дополнителни часови за граѓаните да може да ги завршат обврските и да ги набават потребните продукти. За возрасните граѓани движењето се продолжува од 8 часот наутро до 12 часот напладне. Младите до 18 години сега ќе може да се движат од 13 часот до 16 часот. Предлог е полицискиот час за време на викендот да остане, но со скратено време и да почнува од 13 часот во сабота и ќе трае до понеделник до 5 часот наутро“,рече Венко Филипче – Министер за здравство Република Северна Македонија

Останува забраната за групирање граѓани и сите други мерки кои се во сила во однос на физичката дистанца во користењето на јавните површини и парковите.

Паралелно со ова релаксирање, се воведуваат нови задолжителни мерки на заштита. Граѓаните ќе треба да носат лична заштитна опрема на лицето при движење во затворени објекти и на отворено, во ситуација кога нема да бидат во можност да се одржи препорачаната дистанца од два метра“ посочи министерот.

Исклучок за носење на заштитна опрема се прави само ако лицето престојува во двор на станбена семејна куќа, вози велосипед или спортува на отворено, но ја држи потребната дистанца од два метра и не го прави тоа во група, согласно наведените рестрикции. Компаниите во сите своите објекти, подружници и експозитури ќе бидат задолжени да обезбедат заштитна опрема за сите свои вработени и да забраната влез на посетители доколку тие немаат заштитна опрема.

Трендот на намалување на новозаболени лица со ковид-19 регистриран во последните два дена не значи дека врвот на епидемијата со коронавирусот е зад нас. Според министерот за здравство Венко Филипче, тоа е резултат на намалениот број на тестирања за време на празниците. Врвот на болеста, како што вели, допрва нè очекува.

Знаевме дека ќе се намали бројот на тестови за време на празниците, тоа беше очекувано. Минатата недела имаше една друга варијација, имаше исклучително голем број позитивни тестови, што епидемиолозите сметаат дека е само варијација. Исто така сметаме и сега, дека сè уште не сме влезени во период кога пикот е поминат и не може да очекуваме бројот на случаи во текот на повеќе денови да се намалува. Тогаш, причина за поголем број позитивни случаи беше пристапот кон веќе идентификувани лица во самоизолација кои развија симптоми. Исто така, сметаме дека сега е можно оваа варијација да е резултат на помалиот број тестови за време на празниците“,потенцира Филипче.

Министерот повтори дека според прогнозите врвот на епидемијата ќе дојде на крајот на месецов или на почетокот на мај.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top