„Космофон“, оди на продажба , одлучи Комисијата за заштита на конкуренцијата

Комисијата за заштита на конкуренцијата го прифати предлогот со продажба на „Космофон“  да се надмине состојбата со доминантната концентрација на пазарот на мобилна телефонија во Македонија што се создаде откако „Дојче телеком“ го купи грчки ОТЕ.

cosmofon logo
cosmofon logo

Комисијата за заштита на конкуренцијата го прифати предлогот со продажба на „Космофон“  да се надмине состојбата со доминантната концентрација на пазарот на мобилна телефонија во Македонија што се создаде откако „Дојче телеком“ го купи грчки ОТЕ.

Со купувањето акции во грчки ОТЕ се создаде нарушување  на конкуренцијата на македонскиот пазар на мобилната телефонија бидејќи „Космофон“ е фирма ќерка на ОТЕ, а „Т – Мобиле Македонија“ фирма ќерка на „Дојче Телеком“. Двете компании сега поседуваат повеќе од 40 проценти на пазарот на мобилна телефонија, што е спротивно со Законот за заштита на конкуренцијата.  

cosmofon bord„На вчерашната седница донесовме решение со кое ја одобривме концентрацијата на пазарот на мобилна телефеонија, но под одредени услови, кои се прифатени како предлог на „Дојче Телеком“ и „Космофон“. Основна работа е дека Комисијата го прифати предлогот на учесниците во концентрацијата  еден од учесниците во концентрацијата односно „Космофон“ да биде продаден“, изјави денеска претседателот на Комисијата за заштита на конкуренцијата Чедомир Краљевски.

Тој рече дека рокот за продажбата и сите останати информации поврзани со тоа се службена тајна.

Според Краљевски, доколку „Дојче Телеком“ не постапи според усогласените услови, тогаш, Комисијата, има механизми  и ќе поведе прекршочна постапка и ќе изрече соодветни казни.  Висината на казната може да се движи и до 10 проценти од остварениот промет во претходната година, како и забрана за вршење на дејноста во одреден временски период.

Иако купопродажбата на ОТЕ од страна на „Дојче Телеком“ е веќе завршена,  концентрацијата преку „Космофон“ и „Т-Мобиле Македонија“ на пазарот на мобилна телефонија се уште не е спроведена во надлежните органи, како што е Централниот регистар и другите државни органи. „Космофон“ и „Т-Мобиле Македонија“ се уште егзистираат како посебни субјекти на пазарот, каде трет субјект од септември минатата година е мобилниот оператор ВИП.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top