Четврти случај на делта сојот во Македонија

Во Македонија вчера е потврден четврти случај на делта сојот на коронавирусот, а се чекаат резултатите од испитувањата на уште четири пациенти, изјави министерот за здравство Венко Филипче.

 |   | 

Новиот сој е детектиран кај пациент кој се лекува во болницата во Велес и е со лесна клиничка слика.

Чекаме резултати за уште четири пациенти, од нив само еден е со потешка слика и на респираторна машина, другите се во стабилна состојба. Скринингот кој се прави на тестовите ја исклучува британската варијанта. Што значи дека секаде каде скринингот ќе покаже дека не е британската варијанта, се прави секвенционирање за да се потврди евентуално присуство на индискиот сој. Резултатите ќе се знаат до крај на денот, се знае дека не биле вакцинирани, а нема поврзаност на овие пациенти со случајот во Велес, потенцира Филипче.

Доколку и кај четирите пациенти се потврди присуство на делта сојот, во земјава ќе имаме вкупно осум случаи на заболени со оваа мутација. Во овој случај повторно ќе се состане Комисијата за заштита од заразни болести и ќе се одлучува за понатамошните чекори.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top