Официјален Вашингтон и честита на Македонија за успешно спроведените избори и ја повтори заложбата за евроатланска интеграција на земјата.
Официјален Вашингтон и честита на Македонија за успешно спроведените избори и ја повтори заложбата за евроатланска интеграција на земјата.
„САД им честитаат на луѓето во Македонија на вториот круг на претседателските и локалните избори. Граѓаните на Македонија, заедно со македонските власти, заслужуваат пофалба за успешно спроведување на овие избори”, изјави синоќа портпаролот на Стејт департментот Енди Лејни за Радиото Глас на Америка, програма на македонски јазик.
Забележувајќи дека имало одредена загриженост во однос на кампањата, Лејни посочи на прелиминарната проценка на ОБСЕ/ОДИХР дека двата круга на гласањето исполниле поголем дел на заложбите и стандардите на ОБСЕ и Советот на Европа.
Американската влада по повод изборите ја повтори заложбата за евроатлантска интеграција на Македонија.
„Со нетрпение очекуваме да соработуваме со новоизбраниот претседател Ѓорге Иванов, за да и помогнеме на Македонија да постигне целосна евроатлантска интеграција, колку што е можно поскоро”, рече Лејни.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град