Цената на електричната енергија од 1 јули ќе се намали за 5,2 отсто, пишува весникот „Дневник“ повикувајќи се на сигурни извори.
Цената на електричната енергија од 1 јули ќе се намали за 5,2 отсто, пишува весникот „Дневник“ повикувајќи се на сигурни извори.
Според информациите на „Дневник“ ваков предлог бил даден на подготвителната седница на Регулаторната комисија за енергетика, а конечната одлука би требало да биде донесена утре.
Намалувањето на цената, според претпоставките, се должи на намалената потрошувачка на електрична енергија во текот на изминативе 12 месеци, како и на падот на цената на струјата на светските пазари.
Македонците во изминатиов период, според податоците од енергетските компании, потрошиле за 630 ГВ/ч струја помалку во однос на претходниот период. Увозoт на струја пак е намален за околу 500 ГВ/ч. Во моментов цената на струјата за мегават/час изнесува 90 евра со вклучени 33 отсто за инсталирана моќност што значи дека доколку РЕК донесе одлука за намалување новата цена би изнесувала околу 86 евра за мегават/часови.
{loadposition content9
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град