Малопродажните цени на бензините и на дизелот поскапуваат ноќеска на полноќ за два денари, одлучи Регулаторната комисија за енергетика на редовната седница посветена на корекција на цените на горивата.

Согласно одлуката, новата цена на литар еруросупер БС-95 изнесува 83 денари за литар еурросуперот БС-98 ќе се продава за 84,5 денари за литар, а литар еуродизел ќе чини 70 денари.
Малопродажната цена на екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 1,50 ден/лит и со тоа новата цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 58,5 денари.
Цената мазутот М-1 НС се зголемува за 0,31 ден/кг, на 42,188 ден/кг.
Просечната цена на сурова нафта на светскиот пазар во изминатиот 14-то дневен период е за 3,38 отсто повисока од просечната цена на сурова нафта по која беа формирани тековните цени на нафтените деривати , стои во образложението на регулаторите.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град