Пожарот кој избувна вчера во објектот на „Жито Битола“ e изгаснат уште синоќа во 21 часот изјави утринава за Канал 5 заменик командирот на противпожарната единица Горан Димкоски.
Пожарот кој избувна вчера во објектот на „Жито Битола“ e изгаснат уште синоќа во 21 часот изјави утринава за Канал 5 заменик командирот на противпожарната единица Горан Димкоски.
Денеска до пладне местото ќе го надгледуваат двајца пожарникари. Вчера во гаснењето на огнот интервенирале 29 пожарникари од битолската единица, на кои напомош им пристигнало и возило на РЕК Битола и едно возило од Водовод, вкупно 9 возила учествуваа во справување со огнената стихија. Пожарникарите во објектот не затекнале луѓе, вели Димкоски.
Битолскиот градоначалник Тони Коњановски кој синоќа беше на местото, рече дека во моментот кога избил пожарот во фабриката имало двајца вработени, кои навремено биле евакуирани. Според првичните информации, се смета дека пожарот почнал од покривот на објектот, кој е целосно изгорен.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град