Цела фирма без плата за само една грешка

Ако во пресметката за цела плата за јануари има грешка за само еден вработен, не ќе може да се исплати плата за целата фирмата, предупредуваат од Управата за јавни приходи (УЈП).

banknoti
банкноти

Ако во пресметката за цела плата за јануари има грешка за само еден вработен, не ќе може да се исплати плата за целата фирмата, предупредуваат од Управата за јавни приходи (УЈП).

Како што пишува весникот „Дневник“, УЈП препорачува за да се избегне ризикот од доцнење со платите, работодавците да поднесат тест пресметка за интегрирана наплата на давачките за јануари, при што ќе се утврдат евентуалните грешки.

Komercijalna bankaУправничка на Дирекцијата за големи даночни обврзници Елена Петрова, вели дека има ризик за работодавците што не плаќале придонес за пензиско и инвалидско осигурување да не добијат код за идентификација од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, неопходен за поднесување електронска пресметка на плата.

Според Петрова со новиот систем веќе не постои можност работодавецот да плаќа само придонеси за здравствено осигурување или воопшто да не плаќа придонеси.

Таа уверува дека Управата располага со сите инструменти за да се справи со неплаќачите на давачките за плата.

 

 

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top