Чеканот со кој убивал Радески ќе заврши во музеј

Охриѓанецот Лазе Радески (62), кој е осуден на доживотен затвор за убиство на тројца дилери на девизи, побара Врховниот суд на Македонија да го ослободи или да му овозможи ново судење на кое ќе докажел дека не е сериски убиец.

 |  Маја Савиќ  | 
Лазе Радески
Laze Radeski

Laze radeskiОхриѓанецот Лазе Радески (62), кој е осуден на доживотен затвор за убиство на тројца дилери на девизи, побара Врховниот суд на Македонија да го ослободи или да му овозможи ново судење на кое ќе докажел дека не е сериски убиец.

На јавната седница што се одржа вчера тој призна дека убил еден од дилерите на девизи, но дека тоа го направил во самоодбрана. Преку својот адвокат Емил Балабан, Радески бара Врховниот суд да ги поништи одлуките на Основниот и на Апелацискиот суд, кои го прогласија за виновен за убиството на Раим Ракип, Спиро Ставрески и Трајче Цоцески. Обвинителството побара да се одбијат жалбите на Радески како неосновани бидејќи се докажало оти тој ги убил тројцата дилери на девизи.

Радески призна само едно убиство и кажа дека го местат за другите две. Тврдеше дека изјавата што ја дал во полиција била изнудена од него.

– Ми го држеа семејството во ходникот и ми велеа дека ќе ги видам последен пат ако не признаам – рече обвинетиот Радески.

Адвокатот Балабан изјави дека пресудата против Радески била донесена само врз основа на признание дадено под полициски притисок. Токму затоа побара неговиот клиент да биде ослободен или да му се укинат пресудите.

Балабан рече дека клучно за откривање на вистината била реконструкцијата, која никогаш не била направена.

Обвинителството тврди дека сите жртви на серискиот убиец биле дилери на девизи на охридскиот пазар и познајници на Радески и сите последен пат биле видени во негово друштво. Убиствата биле извршени на ист начин, така што жртвите биле удирани со тап предмет во главата од зад грб.

Чеканот со кој биле убиени тројцата дилери на девизи од Охрид ќе биде изложен во Криминалистичкиот музеј на Македонија за да сведочи за првиот сериски убиец во државава. По долго време овој музеј, кој постои половина век, добива нов експонат. Во него се изложени огромен број предмети со кои биле вршени убиства, силувања грабежи и други криминални дела, а кои ја одбележале поновата историја на македонскиот криминал.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top