Царината ги фаќа на дело, судовите ги враќаат на работа!

Со процеси кои траат просечно по неверојатни четири години против цариници кои ја злоупотребиле должноста,  Царината во моментов има околу 140 отворени предмети на суд, како и 200 процеси за кривична одговорност.

 |  Маја Савиќ  | 
carina
царина

carinaСо процеси кои траат просечно по неверојатни четири години против цариници кои ја злоупотребиле должноста,  Царината во моментов има околу 140 отворени предмети на суд, како и 200 процеси за кривична одговорност.

Главно станува збор за цариници кои добиле отказ од работното место заради злоупотреби на позицијата, од примање мито до помагање на шверц и слични активности. Додека траат неколкугодишните спорови тие и натаму работат во Царината.

Првиот човек на Управата вели дека ова е алармантна состојба на која Царината губи многу од своите ресурси. Во некои денови треба да се појави дури и на десет рочишта во различни градови. Добар дел од случаите кои евентуално добиваат разрешница во најмала рака се со чудни пресуди.

– Друг необичен случај е кога цариник барал три месеци неплатен одмор. Не добил одобрување за тоа и по пробивањето на рокот да се појави на работа добил отказ. Потоа се испоставило дека цариникот бил на отслужување на три месечна затворска казна. Истиот тужел и го убедил судот дека немал пристап до телефон за да ја извести Царината за отсуството, иако писмените потврди од затворот го кажувале спротивното. Ова се само дел од нелогичните пресуди кои ги добиваме во судовите, вели Каргов.

– Се шири конфузија кај царинските работници, дали треба да веруваме дека секој што ќе направи злоупотреба на крајот ќе биде вратен на работа – прашува Каргов.

Дали има спрега помеѓу цариниците и судиите Каргов нема официјален одговор, но она што го забележале е дека постојат повеќе случаи кога ист адвокат и ист судија постојано се погодуваат во истата судницата кога има предмети за цариници.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top