Во извештајот на телевизијата на Ватикан, по повод посетата на бугарскиот премиер Бојко Борисов, било објавено дека папата Бенедикт 16-ти ја примил македонската делегација, јавува софиската новинска агенција “Фокус“.
Бугарските медиуми забележуваат и уште еден протоколарен гаф на домаќините во Италија, односно при пречекот на бугарската делегација на аеродромот “Чампино“ новинарите забележале дека бугарското знаме, кое се веело веднаш до италијанското и знамето на Европската Унија, е закачено наопаку. Кога новинарите сакале да го снимаат знамето, домаќините се обиделе да ги вратат во аеродромската зграда и да ги спречат да снимаат. Само неколку секунди пред да излезе Борисов од авионот знамето на Бугарија било развеано правилно.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град