Бројот на туристите во земјава во октомври годинава изнесува 42.383 и е за 5,2 проценти помал во споредба со истиот месец лани.
Поголемо намалување од 6,3 отсто се забележува кај странските туристи, а бројот на домашните туристи е намален за 3,9 отсто.
Покрај бројот на туристити, според статистичките податоци, и бројот на ноќевањата забележува намалување од 2,1 отсто. Во октомври бројот на ноќевањата изнесува 101.668. Кај домашните туристи бројот на ноќевањата е намален за 2,9 отсто, а на странските туристи за 1,5 отсто.
Намалување на бројот на туристи за 1,5 отсто е забележано и во периодот јануари – октомври годинава, во однос на истиот период лани. Кај домашните туристи намалувањето на бројот е за 5,8 отсто, а на странските за 4,9 отсто.
Бројот на ноќевањата во овој период е немелен за 5,6 отсто. Кај домашните туристи има намалување за 8,1 отсто, но кај странските е забележано зголемување за 2,4 отсто.
Бројот на странските туристи во октомври годинава, во однос на претходниот месец, е намален за 16,2 отсто, а бројот на ноќевањата е намален за 18,4 отсто.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град