Брифинг на Јолески врска преговорите за името

Специјалниот пратеник во спорот за името амбасадорот Зоран Јолевски денеска ќе ги запознае лидерите на поголемите партии за последната рунда преговори во Женева.

Zoran Jolevski
Зоран Јолевски

Специјалниот пратеник во спорот за името амбасадорот Зоран Јолевски денеска ќе ги запознае лидерите на поголемите партии за последната рунда преговори во Женева.

Според најавите, Јолевски треба да ги запознае политичките лидери со позициите на двете страни и реално да им ја претстави позицијата на Република Грција.

Zoran JolevskiМакедонскиот преговарач синоќа имаше средба со државниот врв, при што не беа изнесени детали.

„Бевме запознати со текот на разговорите во Женева, не би навлегувал во подробности бидејќи тоа би можело да не биде во полза на целиот процес, но во секој случај, добро е што се оствари таква средба“, изјави вчера министерот за надворешни работи Антонио Милошоски.

Според него, нема најава за нов предлог од медијаторот на Обединетите нации(ОН) Метју Нимиц за решавање на спорот за името меѓу Македонија и Грција.

„Добро е што амбасадорот Нимиц ќе дојде во Македонија за да имаме можност да имаме директни разговори и да ги претставиме нашите позиции“, рече Милошоски.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top