Дел од македонскиот џет сет, политичари, пејачи, останаа без својот набавувач на брендирана облека.
Многу познати фаци повеќе ќе нема од каде да купуваат јакни, свечени тоалети, екстравагантна и фенси гардероба. Полицијата ја уапси најпозната скопска продавачка на брендирана гардероба Персида Момировска. Повеќе од 15 години 39 годишната Персида, позната како Пепи на црно увезуваше и продаваше облека со знакот на познати дизајнери – Армани, Гучи, Долче и Габана, Луи Витон. А клиентела и беше кремот од политиката, естрадата, глумци, бизнисмени. Но, Момировска не е уапсена за шверц и препродажба на гардероба. Таа почнала да работи и како дилер на дрога. Персида вчера е уапсена во полициска акција наречена Франкфурт и и` е одреден 30-дневен притвор.
Лима – Франкфурт – Скопје. Ова бил патот на кокаинот вреден над 200 000 евра. Пратката по авионски пат во поштата во Скопје стасала како боја за порцелан, но внатре се наоѓале 2 килограми кокаин – паста. Шверцот од Јужна Америка до Скопје го организирале Персида и 44 годишниот Воислав Будисављевиќ. Полициската операција за пресекување на меѓународен синџир за трговија со дрога се изведувала во соработка со германската полиција. Дрогата во Скопје требала да се преработи, а потоа да се продава на богати клиенти.
Дрогата и го скрати долгогодишниот бизнис со гардероба на Персида. Полицијата сега ќе ја гони и за незаконска трговија со облека. Во нејзиниот магацин каде што ја продавала гардеробата бил најден именик со имињата на клиентите. Сите познати фаци. Од А до Ш.
Оваа вест е преземена од: Тиме МК
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град