Вицепремиерот Боцевски ќе се сретне со британскиот министер за Европа Каролин Флинт

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Ивица Боцевски денеска во Лондон ќе се сртене со Каролин Флинт, министер за Европа во британскиот Форин офис.

Ivica Bocevski
Ivica Bocevski

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Ивица Боцевски денеска во Лондон ќе се сртене со Каролин Флинт, министер за Европа во британскиот Форин офис.

Целта на посетата на Боцевски на Лондон е да се информираат британските високи претставници за политичката ситуација во Македонија, за напредокот што земјата го има постигнато во испонувањето на осумтте одредници на Европската унија, а особен акцент ќе биде ставен на визниот режим. Имајќи го предвид напредокот што земјава го има направено во однос на исполнувањето на обврските од одредниците и во насока на подобрување на политичкиот дијалог и изборниот процес, во разговорите ќе биде побарана поддршка, ноемврискиот извештај на Европската комисија за  Македонија да биде што попозитивен и во него да биде содржан датум за преговори за членство во Европската унија.  

Caroline FlintЗа време на престојот во британскиот главен град, Боцевски ќе разговара и со Лордот Дабс, претседавач на Парламентарната група за проширувањето на ЕУ, со Данил Фрн, раководител на групата за Западен Балкан во британскиот Форин офис, како и со Лордот Гринфилд, претседавач на Комитетот за ЕУ во Домот на Лордовите.

Престојот во Лондон вицепремиерот Боцевски ќе го заокружи со средби со македонски граѓани кои живеат во Обединетото Кралство.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top