Битолчанец бара помош за својата мајка болна од рак

Потребни се 6.000 евра до сабота, за операција на мајката на Никола Шиндре од Битола. Бидејќи до сабота остануваат четири дена, Шиндре упати апел за помош на социјалните мрежи, а направи и серијал фотографии, со кои сака да ја подигне јавната свест за условите во кои што живеат болните од карцином, но првенствено и за загадувањето во Битола.

Младиот битолчанец Никола Шиндре на социјалните мрежи упати апел за парична помош од 6000 евра потребна за операција на неговата мајка, која е болна од рак. За таа цел Никола направи серијал фотографии, со кои сака да ја подигне јавната свест за условите во кои што живеат болните од карцином, но првенствено и за загадувањето во Битола. Тој укажа дека енормното загадување во Битола и околината од Рударско-енергетскиот комбинат „Битола“, пред се заради непоставувањето на филтри, како и незаинтересираноста на централната и локалната власт за овие прашања и немањето на силно граѓанско општество кое ќе стави крај на сите овие прашања, е главна причина за голем број случаи на заболени од рак во неговиот роден крај, што пак смета дека истото тоа загадување е директна причина и за болеста на неговата мајка.

Тој укажа дека во Битола и околината има регистрирано над 4.000 луѓе кои боледуваат од карцином. Фотографиите се направени во стариот Офицерски дом во Битола, а за негова реализација тој ја избричи косата од својата глава. Остануваат уште 4 дена, до сабота кога треба да се оперира мајката на Никола па затоа сите хумани граѓани кои што сакаат да му помогнат на Никола во собирањето на потребните средства тоа можат да го направат на следниве сметки за донирање.

Денарска:
Име: Никола Ристевски
Број на сметка: 210 501 677 133 541
Банка: НЛБ Тутунска банка
Девизна:
Name: Nikola Ristevski
Adress: Metodi Patcev 8, Bitola, Macedonia
IBAN: MK07210501677133541
Bank name: NLB Banka AD Skopje
Bank address: Majka Tereza, 1
Country: Macedonia
SWIFT code: TUTNMK22

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top