Ќе добијат ли мажите во Македонија трудничко боледување?

Каде отидоа балканските мажишта? Дома, чуваат деца! Ова, може многу лесно да се случи доколку идејата и мажите да можат да земат породилно отсуство се преточи во закон.

 |  Маја Савиќ  | 
tatko
татко

tatkoКаде отидоа балканските мажишта? Дома, чуваат деца! Ова, може многу лесно да се случи доколку идејата и мажите да можат да земат породилно отсуство се преточи во закон. Сегашните и идните татковци се расположени два месеци да ја преземат улогата која досега законски беше резервирана само за мајките.

Ваквите реакции како да ја уплашија државата. Министерството за труд и социјала од каде и потекна идејата побрза да информира дека за вакви боледувања годинава нема пари, а неизвесно е и за идната. Со сличен став и институцијата која треба да ги исплаќа парите.

Од 2006 г. па до денеска вкупниот број на боледувања се зголемил за два и пол пати, велат од Фондот за здравство. Тоа според нив ја прави оваа идеја која е прифатлива за граѓаните да биде невозможна за буџетот на Фондот“.

А буџетот за боледувања на Фондот годинава изнесувал 2 милијарди денари, односно за 400 милиони повеќе од лани. Од таму велат дека владата ќе треба многу повеќе да го одврзи ќесето ако сакаат на мажите да им го обезбедат ова право кое е нормално во европските земји.

И додека во Македонија се дебатира за можноста мажите прв пат да добијатправо на 8 недели платено отсуство од работа за да чуваат бебиња, пратениците од Европарламентот не се задоволни од нивните загарантирани 14 месеци. Пред неколку дена тие предложија мажите од ЕУ да имаат право на најмалку 20 недели породилно боледување.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top