Од следната студентска година, 2011/2012 сите студенти од Западен Балкан плус Албанија ќе можат да студираат бесплатно на сите државни универзитети во Словенија, изјави за Макфакс, Алан Бергант, Амбасадорот на Словенија во Македонија.
„Сега сме во фаза на потпишување на спогодби помеѓу двете министерства, со вашиот министер Тодоров, и се залагаме за мобилност како на студентите така и на професорите,“ рече Бергант и додаде дека се надева дека ваквите олеснителни околности ќе овозможат подобра и подлабока соработка меѓу факултетите во двете земји.
„Се надевам дека ќе имаме повеќе студенти од Македонија кои ќе студираат во Словенија но и Словенци кои ќе доаѓаат да студираат во вашата земја,“ истакна Бергант
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град