Матичните гинеколози од 1 април со покани ќе ги повикуваат жените да направат бесплатен ПАП-тест.
Матичните гинеколози од 1 април со покани ќе ги повикуваат жените да направат бесплатен ПАП-тест. Според плановите на Министерството за здравство, најнапред ќе бидат повикувани жените на возраст од 24 до 35 години кои до сега воопшто не направиле вакво тестирање, а во следните две години ќе бидат опфатени и жените од 36 до 60 години.
– Преку Програмата за рано откривање на малигни заболувања, со активности за организиран скрининг, секоја жена од оваа целна група има право на еден бесплатен ПАП-тест на секои три години, што впрочем е препорака и практика во европските земји, изјави министерот за здравство Никола Тодоров.
ПАП-тестовите ќе се анализираат во сите овластени цитолошки лаборатории кои имаат договор со Фондот за здравствено осигурување. Скринингот ќе се одвива во координација со Институтот за јавно здравје и центрите за јавно здравје. Тие ќе го следат текот на сите предвидени активности и ќе направат анализа на доставените цитолошки резултати.
Годишно за оваа програма се предвидени 11 милиони денари, односно се предвидува да се поканат 100.000 жени и да се направат околу 25.000 ПАП-тестoви на ниво на цела држава.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град