„Беса транс“ недостапна за инспекцијата

Државниот инспекторат за транспорт (ДИТ) вчера се обидел, но не можел да изврши вонреден инспекциски надзор во компанијата „Беса транс“, чијшто автобус изгоре во Бугарија, изјави директорот на ДИТ Руфат Хусеини. Тој за МИА вели дека не можеле да направат инспекција дека канцелариите и на компанијата и на нејзините агенции биле затворени, а никој не се јавувал на телефон.

 |   | 

Државниот инспекторат за транспорт (ДИТ) вчера се обидел, но не можел да изврши вонреден инспекциски надзор во компанијата „Беса транс“, чијшто автобус изгоре во Бугарија, изјави директорот на ДИТ Руфат Хусеини. Тој за МИА вели дека не можеле да направат инспекција дека канцелариите и на компанијата и на нејзините агенции биле затворени, а никој не се јавувал на телефон.

Хусеини вели дека сега ќе достават писмен допис и ќе закажат термин за сопственикот да ги пречека и да ја отвори канцеларијата. Ако не ја прими доставницата тогаш ќе се изврши достава преку Министерството за внатрешни работи, најави Хусеини.

По автобуската несреќа Владата на седница го задолжи ДИТ да изврши вонреден инспекциски надзор. Со надзорот, треба да биде опфатено сè што е во рамки на надлежностите на Инспекторатот согласно со Законот за превоз во патен сообраќај.

Автобуската несреќа се случи во раните утрински часови на автопатот „Струма“ во Бугарија. Во несреќата загинаа најмалку 44 луѓе, а седум патници се наоѓаат во болница. 

Државниот инспекторат треба да провери дали превозникот имал лиценца за извршување слободен меѓународен превоз на патници, колку возила има, изводи од лиценци за тие возила и дали се сопственост на компанијата, потоа колку возачи се пријавени во работен однос во компанијата. Инспекторите ќе проверуваат и потврди за техничко експлоатациски услови за секое возило, сертификати за професионалност за меѓународен превоз за патници, сертификат на управителот за професионална компетентност, евиденција за издадени патни налози за една година наназад, рече Хусеини.

Министерството за транспорт и врски завчера и ја одзеде лиценцата за работа на фирмата-превозник „Беса транс БТБ“, бидејќи за автобусот немало издадено извод од лиценца за вршење меѓународен слободен превоз за патници, ниту, пак, за друг вид јавен превоз на патници, а возилото не е евидентирано во електронската евиденција на издадени лиценци.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top