Бензините поевтини за еден денар

Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за еден денар, а цената на дизелот останува непроменета.

 |  Маја Савиќ  | 
benzin
бензин

naftaСпоред Одлуката на Регулаторната комисија за енергетика малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 68 денари за литар, на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 69,50 денари. Се намалува и цената на Екстра лесното масло за домаќинство 0,50 ден и ќе се продава по 45,50 денари за литар. Малопродажната цена на мазутот М-1 НС, исто така, се намалува за 1,386 денари за килограм и ќше се продава по 31,479 денари.

Просечната цена на сурова нафта на светскиот пазар во изминатиот 14-то дневен период изнесуваше 71,886 долари за барел и е за 4,28 отсто пониска од просечната цена на сурова нафта по која беа формирани тековните цени на нафтените деривати.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот 14-то дневен период изнесуваше 50,0804 денари за долар и е за 1,28 отсто повисок од курсот на доларот по кој беа формирани цените.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top