Собранието на РМ да прогласи кризна состојба поради напливот на бегалци, бараат експертите

Само со прогласување на кризна состојба од страна на Собранието, Македонија може да се справи со напливот на бегалци, тврдат експертите. Бегалската криза со која се соочува Европа ги засега сите подеднакво и треба да се изнајде заедничко решение. Таа е во фокусот на конференцијата „Современи безбедносни парадигми и предизвици: теорија и пракса“  која денес и утре ќе се одржува во Охрид.

begalci

Бегалската криза не е проблем кој ќе се реши до Нова година и треба сериозно да се пристапи кон решавање на истиот, велат експертите. Само со прогласување на кризна состојба од страна на Собранието, Македонија може да се справи со напливот на бегалци кои влегуваат на нејзина територија, додаваат тие. Проф. Марина Митревска  од Инститиут за безбедност, одбрана и мир, кажа дека мора да се направи една тампон зона кај Гевгелија доколку сакаме да ја контролираме ситуацијата со мигрантите.

Неопходно е да се прогласи кризна состојба а тоа може да го направи само Собранието на РМ.На тој начин ќе се координираат поголем број држави и ќе се изнајдат заеднички решенија како да се справиме со овој наплив на мигранти, рече Проф. Марина Митревска од Инститиутот за безбедност, одбрана и мир.

Експертите тврдат дека бегалската криза неизбежно ќе предизика безбедносни проблеми во земјите од регионот, не исклучувајќи ја можноста и од пораст на трговијата со луѓе.

ЕУ многу тешко се снаоѓа со ситуацијава. Односот меѓу европските земји е ставен на испит. На пример односот помеѓу Србија и Унгарија и спречувањето на бегалците во Унгарија . Нашиот премиер стави до знаење дека нема да се караме со Унгарија заради бегалците и дека мора да ги заштитиме нашите интереси, рече Проф. Зоран Кековиќ од Факултетот за безбедност Белград Србија.

Според експертите состојбата дополнително ја компликува неединствената политика на ЕУ која е поделена на два блока, едниот предводен од Германија која се залага за хуман третман на мигрантите, а другиот од земјите од Вишеградската група кои не сакаат да примат бегалци, укажувајќи дека државите од Западен балкан треба да се приклонат кон членките на ЕУ кои се залагаат за изнаоѓање адекватно решение за луѓето на кои им е потребна помош.begalci

Некои се прашуваат дали може да дојдат потенцијални терористи кои можат да ја загрозат безбедноста на Европа и на Западен Балкан, се разбира дека и тоа е можно. Но едноставно живееме во мултиполарен свет, во кој безбедносните предизвици се многубројни и невозможно е однапред се да се предвиди и да се заштитиме од нив. Едноставно Европа, односно ЕУ мора да научи дека и натаму ќе живееме во мултикултурен свет, вели Проф. Лидија Чехулиќ Вукадиновиќ – Факултет за политички науки Загреб.

Бегалската криза со која се соочува Европа е во фокусот на конференцијата„Современи безбедносни парадигми и предизвици: теорија и пракса“  која денес и утре ќе се одржува во Охрид. На конференцијата учествуваат повеќе од 120 учесници од над 40 земји во светот, а главната цел на оваа конференција е да ги собере на едно место научните работници и стручната јавност заради размена на мислења и перспективи за најважните прашања поврзани со безбедноста на светот во 21-от век. Организатор на овој научен собир е Институтот за безбедност, одбрана и мир кој функционира во рамките на Филозофскиот факултет од Скопје. Институтот за безбедност со организирањето на овој настан одбележува 40 години од своето постоење.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top