Барањата за азил ќе се решаваат за самo седум дена

Со измените на законот кој ги регулира прашањата за азилантите, а кои Министерството за внатрешни работи на Сојузна Република Германија ги подготвува деновиве, ќе биде ставен крај на лажните азиланти што доаѓаат од балканските држави.

azilanti
азиланти

azilantiСо измените на законот кој ги регулира прашањата за азилантите, а кои Министерството за внатрешни работи на Сојузна Република Германија ги подготвува деновиве, ќе биде ставен крај на лажните азиланти што доаѓаат од балканските држави.

Како што пренесува “Дојче веле”, процедурата е проста. Македонија и останатите балкански земји ќе бидат декларирани во листата “земји на сигурно потекло”, со што барањата за азил ќе се решаваат во куса постапка за само седум дена.

Тоа, според законските измени , ќе се оствари со едноставно колективно категоризирање на сите баратели на азил од Балканот, како барачи од земји на сигурно потекло. Со тоа, властите нема, како досега, поединечно да истражуваат за секој барател на азил, што им овозможуваше престој во Германија на овие лица и по повеќе месеци. Не ќе мора поединечно да се докажува дека има или нема прогонување туку процедурално ова само по себе ќе се подразбира. Постапката се завршува за неколку дена и овие луѓе се испраќаат дома по брза постапка. Одлуката нема да може да се суспендира.

azilantiБарателите на азил од Балканот станаа вистински проблем за Германија по 2009, односно 2010 кога стапи во сила визната либерализација. Притисокот од т.н. лажни азиланти секоја година е сe поголем. Товарот особено го чувствуваат општините кои секоја есен се соочуваат со илјадници семејства Роми од Западен Балкан кои во Германија доаѓаат на презимување.

Лани во Германија, според “Дојче веле”, биле прифатени 127.000 азиланти, што е четвртина од сите баратели во ЕУ, повеќе дури и од САД, со што е прва на топ – листата на најсолидарни држави. Барателите од Србија, Македонија од Западен Балкан претставуваат повеќе од 30 проценти од севкупниот евидентиран број.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top