Македонија и Австрија денеска ќе потпишат договор за неповратен грант во висина од 1.6 милиони евра, за креирање средина за воведување енергетска ефикасност во градежниот сектор.
Македонија и Австрија денеска ќе потпишат договор за неповратен грант во висина од 1.6 милиони евра, за креирање средина за воведување енергетска ефикасност во градежниот сектор.
Целта на грантот е реализација на Програмата за енергетска ефикасност на градежните објекти, во периодот од август 2009 – септември 2012 година.
Во делот од грантот со финансиски средства од 110 илјади евра ќе учествува и Државниот секретаријат за економски работи (SECO) на Швајцарската конфедерација.
За да се овозможи реализацијата на оваа програма, македонското Министерство за економија ќе учествува и со сопствено финансиско учество во вкупен износ од 115 илјади евра за време на целокупната реализација на програмата.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град