Австралиски професор ги нарекол Македонците “лесни за перење мозок“

Професор на Универзитетот на Западна Австралија Џон Мелвил-Џонс при едно свое предавање по Класична и Античка Историја во Мелбурн ги нарекол Македонците “недоволно едуцирани“ и “лесни за перење мозок“.

 |  Маја Савиќ  | 
John Melville
Џон Мелвил Џонс

John MelvilleПрофесор на Универзитетот на Западна Австралија Џон Мелвил-Џонс при едно свое предавање по Класична и Античка Историја во Мелбурн ги нарекол Македонците “недоволно едуцирани“ и “лесни за перење мозок“.

“Сретнав повеќе луѓе од ФИРОМ во Перт. Тие се добри граѓани, работат напорно за да се докажат себе си….Но, како што тие често не беа доволно едуцирани, тие не се во позиција да се прашуваат за нивното извртено гледање на историјата која е основа на нивната нација, а е без историска основа, која им била нафрлена. Се вели дека ФИРОМ не може да преживее без историска основа за нејзиниот национален идентитет. Но, ако си гол, тоа не ти дава за право да ја крадеш туѓата облеката“, рекол професорот на предавањето.

На зборовите на професорот, остро реагирале од Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) со писмо до вице-канцеларот на Универзитетот професорот Алан Робсон во кое се цитираат токму овие зборови на Мелвил-Џонс.

“ОМД остро протестираше на ваквите навредливи и расистички коментари и ќе преземе соодветните мерки против професорот Мелвил-Џонс ако таквите коментари не бидат веднаш повлечени“, истакнува Даме Крцоски, регионален претставник на ОМД.

ОМД исто така реагираат и на коментари на Мелвил-Џонс изнесени во весникот “Американ кроникал“ во текст со наслов “Важноста на историската вистина и Македонското прашање“ во кое исто така ги навредува Македонците.
ОМД тврди дека весникот дури и извадил дел од навредливите коментари на австралискиот професор, но сепак не доволно.

“Тие често не се доволно едуцирани (па така е лесно да им се испере мозокот да прифатат држава без да се прашуваат за извртените гледања на историајта која е основата на нивната нација, која инаку има мала историска поддршка за нејзиното постоење). Жал ми е за нив. Тие немаат идентитет, и без тоа, тие се загубени“, бил оргиналниот текст на професорот пред корекцијата од весникот.

ОМД бараат официјално извинување од Универзитетот до македонската заедница во Перт и заложба од Универзитетот за повлекување на коментарот на Мелвил-Џонс ќе биде повлечен од “Американ кроникал“.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top