Ќе се аплицира за откуп на дворно место и без сите документи

Граѓаните кои во моментов ги немаат сите неопходни документи за да поднесат барање за откуп на дворно место за едно евро -1 м2, ќе можат да го сторат тоа со минимална документација, а по истекувањето на рокот, ќе можат да ги достават преостанатите документи.

 |  Маја Савиќ  | 
dokumenti
документи

Zoran StavreskiГраѓаните кои во моментов ги немаат сите неопходни документи за да поднесат барање за откуп на дворно место за едно евро -1 м2, ќе можат да го сторат тоа со минимална документација, а по истекувањето на рокот, ќе можат да ги достават преостанатите документи.

За ова информираше Министерот за Финансии, Зоран Ставрески. Како што кажа Ставрески оваа одлука е донесена поради зголемениот број на граѓани кои во последен момент решиле да поднесат барање.

Оние кои ќе решат да го сторат тоа во наредните четири дена, по што истекува рокот, ќе можат да аплицираат со лична идентификација, а по 27 јануари , накнадно ќе ги достават документите кои претходно не ги приложиле.

„Кога ќе истече рокот ќе ја констатираме фактичката состојба, ќе направиме една анализа до Владата, за тоа какви се околностите, колкав број граѓани успеале и не успеале да поднесат барање, за да може Владата врз тие факти да донесе соодветна одлука“, рече Ставрески.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top