Ангола, неоткриена дестинација за македонскиот бизнис

Во Стопанската комора на Македонија денеска ќе се одржи презентација на Ангола како можна нова бизнис дестинација.

Angola
Ангола

Во Стопанската комора на Македонија денеска ќе се одржи презентација на Ангола како можна нова бизнис дестинација.
На презентацијата насловена како „Ангола – неоткриена дестинација за македонскиот бизнис“, бизнисмените ќе имаат можност да се запознаат со анголското стопанство и со можностите за соработка.

LuandaПромотивниот ден на Ангола, освен во функција на претставување на економските и инвестициските потенцијали, ќе има за цел и подетално да информира за законските, финансиските и административните регулативи за водење бизнис, сервиси и услуги за поддршка на бизнисот.
Компаниите ќе имаат можност за билатерални разговори со трговското аташе на Ангола и за директна промоција на деловниот интерес.
Ангола е една од најбрзорастечките економии во светот со пораст на БДП од 20 отсто во 2007 година. Позната по своите неограничени нафтени извори и дијамантски наоѓалишта Ангола се повеќе се идентификува како важна инвестициска дестинација од страна на големите светски корпорации.

Земјоделско-прехранбениот сектор, земјоделската механизација и опрема, текстилната и фармацевтската индустрија, туризмот и градежниот сектор се посочени како сектори со реален извозен потенцијал на земјава на анголскиот пазар.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top