Ана Дурловски ќе пее во Метрополитен операта во Њу Јорк

Се смета дека уметникот што ќе настапи во „Метрополитен” си обезбедил светска кариера.

Ana Durlovski
Ана Дурловски

 

Се смета дека уметникот што ќе настапи во „Метрополитен” си обезбедил светска кариера. Дурловски ќе настапи како Kралицата на ноќта во операта „Волшебната флејта” на Моцарт, улога со која пред речиси осум години дебитира на сцената на реномираната Виенска државна опера.

Ana DurlovskiДурловски за „Дневник” вели дека оваа улога на- Kралицата на ноќта, веќе подолго време е на нејзиниот репертоар, работена во повеќе од 15 сценски и режиски видувања и тоа секако дава сигурност. Сценските проби во Њујорк ќе почнат на 15 септември.

Со Рене Папе повеќепати досега сум настапувала, а со другите колеги ќе ми биде прва средба и се радувам на нашата соработка и на можноста за нова креација. Паралелно со сценските ќе течат и музичките проби, што е сосема доволно за тимот целосно да се вклопи, што значи не само техничка работа туку и уживање на сцената – вели Ана и додава-Периодов следуваат уште 30-ина претстави со разни наслови до крајот на јули, по што ќе можам да се препуштам на мислите и на радоста во исчекувањето на настапот во -Мет.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top