„Алфите“ со нов статус

Единицата Алфа доби нов статус во рамките на СВР-Скопје и сега и официјално е Единица за прв одговор и интервенција – ЕПОИ.

alfi
алфи

Единицата Алфа доби нов статус во рамките на СВР-Скопје и сега и официјално е Единица за прв одговор и интервенција – ЕПОИ.

Покрај тоа, вчера на официјална церемонија на сто дваесет и осумте припадници на единицата им беа врачени нови решенија согласно систематизацијата во МВР.

Според министерот Гордана Јанкулоска, оваа единица потполно ги оправдала очекувања и довербата. Постигнатите резултати се причината поради која има нов статус во рамките на скопската полиција, но и своевидно признание.

alfi– Одлуката за формализирање на Алфа-единицата во новата систематизација на Министерството за внатрешни работи е апсолутно оправдана и би рекла дури и задоцнета. Присуството на овој историски момент за мене претставува вистинска чест која ретко кој министер ја имал во својата кариера. Сигурна сум дека денешниот ден е ден за паметење и за вас, но убедена сум дека и граѓаните на Република Македонија во иднина ќе го одбележуваат денот кога Алфа-единицата го добила статусот кој одамна го заслужи, рече Јанкулоска.

Единицата Алфа беше формирана во 2005 година со наредба на тогашниот министер за внатрешни работи Љубомир Михајловски-Џанго. Во овие девет години Алфа беше под раководство на тројца командири. Единицата, за жал, има дадено една жртва и петнаесетина ранети во досегашното работење, во мирнодопски услови.

Според официјалните информации на МВР за овие девет години тие привеле 17.052 лица по различни основи, легитимирале над 96 илјади и расветлиле или спречиле илјадници кривични дела.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top