Александар и Марија се најчести имиња во Македонија, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика, објавени во годишникот „Македонија во бројки 2011“.
Во земјава во периодот до 31 март годинава регистрирани се 23.584 лица со името Александар и 21.311 со Марија.
На второ место доаѓа Зоран со 16.532 и Никола со 15.715, а од женските Елена со 12.112 и Билјана 11.769.
Според податоците на ДЗС, следуваат Горан со 12.444, Драган 9.311, Дејан 9.170, Петар 8.569, Игор 8.443, Илија 8.358, Стефан 8.040, односно Весна со 10.552, Снежана 10.357, Виолета 9.345, Александра 9.260, Сузана 8.528, Катерина 7.857 и Ивана 7.709.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град