Aкција за зачувување на слободите

„Плоштад Слобода“, целодневен настан за зачувување на правото на различно мислење, животен стил, на правото на слободен собир и протест, ќе се одржи денеска во Скопје.

plostad
плоштад

Плоштад Слобода“, целодневен настан за зачувување на правото на различно мислење, животен стил, на правото на слободен собир и протест, ќе се одржи денеска во Скопје.

Акцијата ја покренуваат над 30 невладини организации од Македонија и индивидуални активисти, поттикнати од случувањата на 28.март на плоштадот Македонија, кога група граѓани кои протестираа против изградба на објект на плоштадот беа физички нападнати од друга група, поддржувачи на идејата за изградба на црква.

plostadИвана Дракшиќ, индивидуален учесник во акцијата посочи дека „Плоштад Слобода“ овој пат нема за цел да протестира против изградба на објект на градскиот плоштад, туку да го искаже револтот, да го крене гласот за да се заштити правото да се зборува и мисли.

Целодневниот настан, според најавите, ќе започне точно на пладне на плоштадот Македонија, потоа протестната поворка, ќе се упати кон Градскиот Парк, каде од 13.30 часот ќе започне дневен концерт.

Предвидено е со поворката да се движи и еден камион, од каде ќе се пушта музика, низ скопските улици.

Досега е потврден настапот на бендовите: The John, Fighting Windmills, PMG collective, Da Dzaka Nakot, Graham Young.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top