Стартува поделбата во цивилното воздухопловство. Агенцијата до крајот на месецот и Воздухопловната навигација ќе станат два посебни субјекти.
Стартува поделбата во цивилното воздухопловство. Агенцијата до крајот на месецот и Воздухопловната навигација ќе станат два посебни субјекти.
Едните ќе регулираат, а другите ќе бидат задолжени за давање услуги. Одвојување кое е регулирано законски и на кое се чека веќе 2 години.
Но клучниот момент во поделбата ќе бидат парите.
Неофицијално од вкупните примања, агенцијата ќе добива само 20%, а поголемиот дел ќе се слеваат во Воздухопловната навигација.
Но на двата посебни субјекти нема да им биде дозволено да остваруваат профит, туку сите средства ќе мора да се искористат наменски. А контрола врз вкупниот буџет ќе има Владата и Еуроконтрол. Тоа значи дека за секое инвестирање, набавка на потребен материјал или било каков трошок ќе мора да поднесат извештај. А туку спаѓаат и платите на вработените.
Првите подготовки за поделбата се почнати. Владата ги избрала и членовите на Надзорниот и Управниот одбор.
Следниот чекор ќе биде регистрација на фирмата на Воздухопловната навигација во македонска навигација.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град