64 години Црвен крст на Република Македонија

Црвениот крст на Република Македонија денеска ја прославува 64. годишнина од своето формирање.

logo
лого

По повод Денот на формирањето на Црвениот крст и Денот на крводарителите денеска во Скопје ќе се одржи свечена седница на Собранието на Црвениот крст.

Според најавите, на седницата ќе бидат доделени признанија за 14-те општински организации на Црвениот крст – Крушево, Виница, Штип, Велес, Охрид, Центар, Делчево, Крива Паланка, Свети Николе, Дебар, Кавадарци, Пробиштип, Валандово и Битола, кои го исполниле планот за крводарителство во 2008 година и награда за најуспешната општинска организација на Црвен крст која што има најголем напредок во 2008 година.

akcijaЦрвениот крст во 2008 година од планираните 58.359 единици крв реализираше 51.056 единици, односно планските обврски ги исполни со 87, 49 проценти.

Црвениот Крст на Република Македонија е формиран на 17. Март 1945 година, а како самостојно друштво делува од 21. мај 1992 година.

Црвениот Крст од Меѓународниот Комитет на Црвен крст е признат на 1. ноември 1995 година, а во Меѓународната федерација ја на Црвениот крст и Црвената полумесечина е примен во 27. ноември 1995 година како 169 членка.  

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

{loadposition content9}

 

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top