Разликата помеѓу двајцата претседателски кандидати се искачи на 58.499 гласа повеќе за Пендаровски. Државната изборна комисија утрово ги ажурира податоците за изборниот резултат по обработени 100 отсто од избирачките места.
Разликата помеѓу двајцата претседателски кандидати се искачи на 58.499 гласа повеќе за Пендаровски. Државната изборна комисија утрово ги ажурира податоците за изборниот резултат по обработени 100 отсто од избирачките места.
За Стево Пендаровски, кандидатот поддржан од СДСМ и коалицијата, гласале 436.212 избирачи, односно 51,66 отсто од оние што излегле на гласање.
Кандидатката поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова, добила 44,73 отсто од гласовите, односно за неа во вториот круг гласале 377.713 избирачи.
Разликата меѓу овие двајца кандидати во првиот круг беше 4.240 гласа повеќе за Пендаровски.
Двајцата кандидати во вториот круг добиле повеќе гласови отколку во првиот. Пендаровски има 113.631 глас повеќе, а Силјановска-Давкова добила 59.372 гласа повеќе.
Во вториот круг од претседателските избори е намален бројот на неважечки ливчиња. Од 4,34 отсто или 32.696 во првиот круг, бројот на неважечки ливчиња во вториот круг е намален на 30.442 или 3,61 отсто од излезените гласачи.
Во вториот круг на гласањето имаше и поголем одѕив. На гласање излегле 90.845 гласачи повеќе отколку во првиот круг. Од 41,67 отсто од запишаните гласачи или 753.520 во првиот круг, бројот на гласачи излезени во вториот круг се искачи на 844.365 гласачи што излегле на избори или 46,70 отсто од вкупниот број запишани граѓани со право на глас.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град