42. Меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура

Во Конгресниот центар на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Охрид денеска свечено ќе биде отворен 42. Меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура.

Kongresen centar
Конгресен центар

Во Конгресниот центар на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Охрид денеска свечено ќе биде отворен 42. Меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура.

Kiro GligorovНа семинарот, што ќе трае до 27-ми овој месец, ќе учествуваат 90 слушатели, странски слависти, македонисти, балканисти, историчари, етнолози, универзитетски професори, научни работници, преведувачи и студенти по македонистика, славистика и по балканистика од 27 земји. На собирот во Охрид ќе присуствуваат и познатите македонисти академиците Ала Шешкен од Русија и Иван Доровски од Чешка,  професорите Кшиштоф Вроцлавски и Јан Соколовски од Полска, Волф Ошлис од Германија, Стивен Френкс од САД и други.
Во рамки на семинарот, на 24 и 25 август ќе се одржи и 36-та научна конференција, која работи во две секции – лингвистичка и литературна. Темите на лингвистичката секција се „Лексичката синонимија во македонскиот јазик“ и „Структурата на простата реченица во дијалектите на македонскиот јазик“. Темите на литературната секција се „Научното и критичкото дело на Димитар Митрев“ и  „Македонската литература во европски контекст“. На конференцијата ќе учествуваат околу 70 научни работници од земјава и од странство.

На семинарот ќе бидат претставени повеќе изданија, како собраните дела на Милан Ѓурчинов, Антологијата на македонскиот расказ во превод на руски од Олга Пањкина.
Семинарот и оваа година има сопствена издавачка дејност, покрај редовните изданија од минатогодишните предавања и од Научната конференција, издаден е и учебник по македонски јазик за странци, како и збирка со народни песни. 

Во културната програма на Меѓународниот семинар ќе се претстават истакнати уметници од Македонија, поетите Гане Тодоровски и Матеја Матевски, а ќе биде претставено и творештвото на скулпторот Томе Серафимовски. Ќе бидат прикажани и неколку македонски филмови.

За слушателите на семинарот ќе се организира посета на значајни археолошки локалитети, музејски збирки и претставување на најновата македонистичка издавачка продукција. За учесниците на Меѓународниот семинар се организираат и екскурзии за запознавање со природното и културното богатство на Македонија.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top