СЗО: 36% од 15-годишниците во Македонија запалиле цигара

Анализата на Светската здравствена организација, објавена по повод 31 мај – Светскиот ден против пушењето, предупредува дека доколку не се превзмат сериозни мерки, милијарда луѓе можат да умрат од употреба на тутун во текот на 21-от век.

 |   | 
frlete gi cigarite
фрлети ги цигарите

Според СЗО, во Македонија речиси 21% од сите смртни случаи на возраст меѓу 35 и 69 години се поради пушење. Истражувањата на СЗО покажуваат дека цигари запалиле 36% од 15-годишниците, 9% од 13-годишниците и 2% од 11-годишниците. Преваленцата на сегашни пушачи на цигари се зголемила од 7,7% во 2002 година на 9,8% во 2008 година.

Преваленцата на пушење се зголемила кај женскиот пол и тоа од 6,8% во 2002 година на 9,8% во 2008 година. Процентот на т.н. сегашни пушачи помеѓу учениците не се разликува по региони, но стапката е највисока во Скопје односно 13,6%, а најниска во руралните подрачја или 6,8%.Светскиот ден против пушењето 31 мај годинава ќе биде одбележан под мотото “Три начина да се спаси живот“.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top