Во последното деноноќие од вкупно 4 511 тестирања на ковид, потврдени се нови 572 случаи на вирусот. Во истиот период се пријавени 30 починати лица од кои најмладиот починат пациент е на 25-годишна возраст и е од Демир Капија. Министерството за здравство информираше дека се регистрирани 694 оздравени пациенти.
Во последното деноноќие од вкупно 4 511 тестирања на ковид, потврдени се нови 572 случаи на вирусот. Во истиот период се пријавени 30 починати лица од кои најмладиот починат пациент е на 25-годишна возраст и е од Демир Капија. Министерството за здравство информираше дека се регистрирани и 694 оздравени пациенти.
Новите случаи по градови се од: Скопје – 287, Куманово – 58, Кавадарци – 24, Тетово и Кичево – по 21, Велес – 19, Гостивар – 15, Прилеп – 14, Битола, Кочани и Радовиш – по 11, Струмица – 10, Охрид и Струга – по 9, Штип и Свети Николе – по 8, Гевгелија – 7, Неготино, Берово и Валандово – по 4, Ресен и Пробиштип – по 3, Виница и Кратово – по 2, Крива Паланка, Делчево, Богданци, Македонски Брод, Демир Хисар, Пехчево и Македонска Каменица – по 1.
Оздравените 694 пациенти се од: Скопје – 340, Куманово – 63, Струмица – 49, Гостивар – 45, Тетово – 44, Дебар – 21, Штип – 19, Радовиш – 18, Кавадарци и Велес – по 14, Гевгелија и Крива Паланка – по 11, Неготино – 9, Делчево – 7, Кочани и Виница – по 5, Кратово – 4, Свети Николе и Валандово – по 3, Кичево и Берово – по 2, Прилеп, Струга, Пробиштип, Богданци и Македонска Каменица – по 1.
Пријавени се 30 починати лица: 10 починати лица од Скопје (88г, 76г, 74г, 74г, 70г, 67г, 67г, 63г, 59г, 43г), 4 починати лица од Гостивар (77г, 71г, 57г и 51г), по две починати лица од Куманово (82г и 78г), Тетово (75г, 58г) и Кавадарци (69г, 66г), по едно починато лице од Велес (77г), Струмица (82г), Штип (83г), Неготино (98г), Свети Николе (66г), Радовиш (68г), Берово (69г), Виница (77г), Демир Капија (25г) и Пехчево (78г).
Од пријавените 30 лица, 27 се починати во болнички услови, а три лица се починати во домашни услови.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град