Судењето на обвинетите за организација на насилствата на 27 април 2017 година во Собранието се одложи за 26 февруари.
Судењето на обвинетите за организација на насилствата на 27 април 2017 година во Собранието се одложи за 26 февруари.
Причината е да и се овозможи на одбраната да изврши увид во доказите кои не им биле доставени од претходниот судски процес за случувањата на 27 април. Во тој процес, кој заврши на 15 март минатата година, за насилствата во Собранието на вкупна затворска казна од 211 години беа осудени 16 лица. Денеска требаше да биде првото рочиште за овој случај.
Обвинети се поранешниот собраниски спикер Трајко Вељаноски, поранешните министри за транспорт и врски и за труд и социјална политика Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, како и екс директорот на УБК Владимир Атанасовски. Тие се товарат за кривично дело- терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста. Во истрагата беа опфатени и поранешниот премиер Никола Груевски и ексразузнавачот Никола Бошкоски, но постапката за нив е запрена додека не станат достапни на органите на прогон.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град