240.886 албански граѓани аплицирале за зелена карта во САД

Албанските граѓани се на прво место во регионот според стапката на апликации во програмата на лотаријата на САД за иселенички визи (зелена карта).

 |   | 

Албанските граѓани се на прво место во регионот според стапката на апликации во програмата на лотаријата на САД за иселенички визи (зелена карта).

Во информацијата под наслов „Американски сон. Албанските граѓани први во регионот според желбата да живеат во САД”, телевизијата Ора њуз, наведува дека тоа го потврдуваат објавените бројки од страна на Стејт департментот кои „јасно зборуваат за прилично горчлива реалност”.

Според статистичките податоци, Албанија го држи рекордот во регионот во однос на бројот на граѓани кои аплицираат за иселеничка виза со цел да го продолжат живот во САД. Годинава аплицирале вкупно 240.886 Албанци, што е околу 10 отсто од вкупната популација. Многу помал број апликации има од соседните земји, Косово, Србија, Црна Гора и Северна Македонија, констатира телевизијата.

Поконкретно, за зелена карта аплицирале 23.894 граѓани од Северна Македонија, 22.748 од Србија и 21.391 од Косово, додека најслаба заинтересираност има во Црна Гора, само 2.696 граѓани.

Во последните шест години бројот на албанските граѓани кои се обиделе да ја напуштат земјата и да заминат преку океанот со обезбедена зелена карта е над 270 илјади, во просек годишно. Рекорд е регистриран во 2018 година кога имало 367.231 апликации.

 

 

 

Извор/БизнисВестиМк

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top