Маркетите и бензинските станици до Министерството за здравство може да поднесуваат барања за дозволи за слободна продажба на лекови без рецепт, или познати како ОТЦ препарати.
Маркетите и бензинските станици до Министерството за здравство може да поднесуваат барања за дозволи за слободна продажба на лекови без рецепт, или познати како ОТЦ препарати.
Правилникот за продажба на лекови по продавници, иако требаше да стапи во сила на 13 февруари, официјално профункционира вчера откако ресорното Министерство ја обелодени листата на ОТЦ препаратите.
Таа опфаќа 108 лекови или тоа е околу 54 отсто од вкупниот број лекови без рецепти, кои досега се продаваат само во аптеките. Палетата содржи лекови за болка – аналгетици, за намалување на температура – антипиретици, антиревматици, антациди за желудник, бронхосекролитици, локални антисептици и за надворешна употреба. Во слободна продажба ќе бидат ОТЦ препаратите со најмала јачина и во најмало пакување. Од листата се изземени педијатриските лекови без рецепт, односно нема да се продаваат лекови што се за деца под 12 години.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град