Царинската управа на Република Македонија денеска во Скопје, во рамките на одбележувањето на 17-годишнината од стекнатиот суверенитет и контрола врз царинското подрачје на Република Македонија, ќе организира отворен ден.

Покрај тоа, ќе биде презентира опремата што ја користат мобилните царински тимови за откривање нелегална трговија, а новите царински службеници ќе положат свечена заклетва.
Одбележувањето на 17-годишнината од стекнатиот суверенитет и контрола врз царинското подрачје на Република Македонија кое започна вчера во Охрид со промоцијата на новите царински патролни чамци ќе продолжи утре во Скопје конференција на тема „Партнерство со Царината“.
Утре ќе биде претставен и пакетот мерки за натамошно олеснување и поедноставување на царинската постапка и ќе биде презентиран новонабавениот царински софтвер за обработка на декларации кој треба целосно да го замени постојниот кон средината на наредната година.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град