141 годинa од раѓањето на Гоце Делчев

Со низа пригодни свечености ќе биде одбележана годишницата од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев.

Goce Delcev
Гоце Делчев

Со низа пригодни свечености ќе биде одбележана годишницата од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев.

Goce DelcevСо света литургија во црквата „Св. Спас“ каде се наоѓа и гробот на Гоце Делчев ќе се одбележи годишницата од неговото раѓање.
Покрај тоа, државна делегација, претставници на АРМ, на образовни институции, политички партии, општини, установи и здруженија именувани по Гоце Делчев ќе положат цвеќе на споменикот на плоштадот Македонија, како и на споменикот во Градскиот парк.
Гоце Делчев, визионерот кој пред повеќе од еден век го разбра светот како поле за културен натпревар на народите, роден е на денешен ден во 1872 година во Кукуш, во семејството на Султана и Никола. Се школувал во гимназијата во Солун и на Воената академија во Софија. Учителствувал во Штип, а како член на Централниот комитет на ТМОРО работел на создавање мрежа на бази, комитети и комитски чети на Организацијата.

Учествувал на Солунскиот конгрес на ВМРО (1896), а до 1901 година бил задрганичен претставник на ВМРО во Софија. Делчев е убиен од турска војска, на 4 мај 1903 година во селото Баница.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top