100 негативни поени ќе ве чинат возачка дозвола

На отворена седница Владата го прифати Предлог-законот за безбедност во сообраќајот.

policaec
полицаец

vozackiНа отворена седница Владата го прифати Предлог-законот за безбедност во сообраќајот.

Во законот има и олеснувања и допрецизирање.
Пример кај употребата на мобилни телефони, оставена е можност да се користат  средства кои нема да му пречат на возачот како што се хендсфри, безжични  телефони и друго.

– Казна има и за лицата кои се превезуваат со возачот, а му го одземаат вниманието.

– За брзо возење нема само еден износ – една е казната за тие што поминале до 50 километри над дозволеното, друга за тие до 70, тука е скалеста казната и освен паричната казна има можност за негативни поени. Со 100 негативни поени се одзема возачката дозвола. Ако  возите  50 над дозволеното  се добива 65 негативни поени. Ако ве улови радар, а сте ја надминале дозволената брзина, казната во град е 20 евра. Ако полицијата ве фати да „летате” на јавен пат, ќе платите 300 евра.

– Доуредени се членовите кои се однесуваа на застанување како на пример на плоштад, на пешачка зона и тн. за непрописно паркирање глобата е 45 евра, 250 евра ако возилото е паркирано во близина на пешачки премин или крстосница.

– Ако на пешачки премин возачот не пропушти пешак глобата изнесува 250 евра.

– Ако го возите вашето дете, кое нема 12 години,  а седи на предното седиште, тогаш глобата која ќе треба да ја платите е 45 евра.

– За велосипедистите во законот е предвидено задолжително бело светло за велосипедот, ката диоптери со црвена боја, рефлектирачка лента, кацигите се препорачуваат, но нема да бидат задолжителни.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top