100 години фудбал во Македонија

Прославата на 100 години фудбал во Македонија ќе кулминира денеска на пријателскиот фудбалски натпревар со европскиот шампион Шпанија.

tribini
трибини

Прославата на 100 години фудбал во Македонија ќе кулминира денеска на пријателскиот фудбалски натпревар со европскиот шампион Шпанија.

Karolina i fudbaleriНатпреварот започнува во 21.30 часот на арената Филип Втори во Скопје, која по изградбата на новата северна трибина има капацитет за седење од 25.000 седишта.

Шпанците, чиј тим пристигна во Скопје во најсилниот можен состав, натпреварот ќе го играат во сенка на траумата поради смртта на капитенот на Еспањол, Даниел Жарке (26), кој почина по тренинг во Италија, откако неговото срце запре.

Македонија има шанси да покаже добра игра со Шпанија, што воедно ќе биде и тест пред претстојните квалификациони натпревари за Светското првенство во Јужна Африка.

Македонските љубителите на фудбалот пред натпреварот ќе се збогуваат со Артим Шаќири, кој 13 години играње и 75 настапи ќе збогува со репрезентацијата.

Полицијата веќе неколку дена спроведува Мерки и активности за физичко и сообраќајно обезбедување во Скопје поради фудбалскиот натпревар.

Подготовките за овој натпревар ќе останат забележани и поради скандалот со пуштањето во промет на ненумерирани влезници од страна на Фудбалската федерација на Македонија. По што следеше голем метеж и турканица пред билетарницата на стадионот во Скопје при промената на влезниците.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top