Мобилните оператори ќе имаат можност значително да ги намалат цените на СМС пораките од први јануари.
Директорот на Агенцијата за електронски комуникации вели дека законкската процедура која вклучува јавна расправа и предлози од операторите завршила во декемви, а според законот големопродажните цени стапуваат на сила на првиот ден од следниот месец.
АЕК ги спушти големопродажните цени на пораките за 75%, од 2 на половина денар. Очекува пазарната конкуренција да го стори своето и граѓаните наскоро да имаат многу поевтин СМС.
Заради помалиот број на паметни телефони СМС и натаму е многу користена опција за комуникација во Македонија. Во 2013-та АЕК во мобилната телефонија за 70% ги намали и цените за интерконекција, а во фиксната за 30% цената за пристап до операторот со значителна пазарна моќ. Ова треба да доведе до поевтинување на говорот за потрошувачите.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град