Фотографијата на РАМ меморија на Анита Палческа, избрана помеѓу десетици илјади фотографии да биде дел од дигиталната изложба на фотографии во Лувр.
Фотографијата на рам меморија на македонката Анита Палческа дел од дигиталната изложба на фотографии во Лувр на 13ти јули. Нејзината фотографија беше избрана од жири комисија помеѓу илјадници други фотографии од професионалци и аматери фотографи од 191 земја од светот. Рам меморијата на Палческа воедно се натпреварува и за наградата „Експозиција“ организирана од интернет организацијата Си.Ми од Њу Јорк. Палческа на овој натпревар се пријавила со своето портфолио на тек фотографии.
„Фотографијата ми е хоби. Ова мое дело, макро тек фотографијата, не им е позната на многу луѓе, и навистина ми е драго што успеав токму со овој тип на фотографија да бидам дел од изложбата. Жирито ја избра оваа фотографија од десетте кои беа дел од моето портфолио. Многу труд и љубов има во овие фотки, а досега не сум ги пласирала никаде, ова е прв пат и добро излезе.“-изјави Палческа за ТВМ.
Фотографијата на Анита се натпреварува во категоријата „мртва природа“ и воедно претставува голем успех за македонската аматерска фотографија. Инаку, отворањето на дигиталната изложба на фотографии е на 13ти јули. Анита може да се закити и со една од паричните награди во рамки на „Експозиција“ наградата на организацијата Си Ми која има награден фонд од 75.000 долари. Победниците ќе се бираат од изложените фотографии кои се поделени во неколку категории.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град