Специјалното јавно обвинителство се уште нема одговор од претседателот Иванов од каде има информации за осомничените лица во нивните постапки, но како што инфромира обвинителката Ленче Ристоска на денешната прес конференција, СЈО не ги прекинува ниту истражните, ниту предистражните постапки, пренесува „Телма“.

-Нема селективна правда и ограничување на правдата ниту затајување на вистината. Се уште ја очекуваме и информацијата од претседателот Иванов, за тоа од каде му се информациите за нашите тајни предистражни постапки, рече Ристоска, нагласувајќи дека СЈО доставил две барања кон крајот на април и на почетокот на мај.
Обвинителката уште еднаш повтори дека Специјалното обвинителство доследно го применува начелото за пресумпција на невиноста, но ниту еден предмет не е прекинат.
-СЈО води седум истражни постапки во кои се опфатени 60 лица, додека бројот на предистражните постапки постојано расте. Не сме во можност да споделиме повеќе информации за нашите постапки, но тука сме и работиме постојано. Голем дел од нашите постапки се фокусирани на финансиски истраги кои бараат време да се собере и анализира доказниот материјал, изјави Ристоска. Што се однесува до случајот со Коста Крпач, Ристоска повтори дека тој добороволно се јавил да биде сведок во предистражна постапка која се уште не е објавена и дека СЈО има сензитивни информации.
– Ние имаме изјава од лицето во која тој ни кажува за заканите кои ги имал и за тоа е известено Основното јавно обвинителство – рече Ристоска и најави дека кога ќе постојат услови јавноста ќе биде известена за сите околности околу овој случај.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град