Post Views: 10
Белвицата, крапот и плашицата од денес ќе можат да се купуваат по пониски цени. Концесионерот на Oхридското Езеро „Пастрмка 2012“ по повод претстојните православни празници и слави ја намали цената на овие видови риба кои охриѓани најчесто ги купуваат. Белвицата ќе се продава по цена од 250 денари за килограм, додека килограм крап ќе чини 200 денари, а килограм плашица 60 денари. Концесионерот на Охридското Езеро, Ристе Танасоски вели дека задоволни се од уловот и дека за овие две години од кога стопанисуваат со езерото многу е подобрена состојбата со рибниот фонд.
Ние...
Post Views: 1
Градоначалникот Никола Бакрачески денес во посета на компанијата ЛТХ Леарница. Тој се запозна со целокупниот процес на работа на оваа компанија во која се произведуваат алуминиумски авто делови. Бакрачески изрази задоволство што оваа компанија е во стоте најуспешни во државава , а се наоѓа на дваесетто место по обемот на извоз.
За нас како Локална самоуправа преставува особена гордост да се соработува со оваа компанија која покрај тоа што има вработено 430 лица од кои најголем дел се охриѓани има кооперативни врски со неколку локални компании и преставува значајна...
Post Views: 1
Дали на повидок е започнувањето на реализација на еден капитален проект за градов, а тоа е изградба на ски-центар на Галичица. Според изјавата што за ТВМ ја даде Градоначалникот Никола Бакрачески неколку странски компании пројавиле интерес за инвестирање во ски- центарот.
Во изминатиов период од она што јас го добив како информација од преставниците на МЕПСО и од економскиот промотор во Владата на РМ знам дека неколку странски компании, меѓу кои концерни од Швајцарија, Австрија, Катар и Азербејџан, пројавиле интерес за инвестирање во изградба на ски-центар на Галичица,...
Post Views: 4
Општинската организација на СДСМ денес со објаснување зошто вчера советниците од оваа партија го напуштија вториот дел на седницата на совет. Координаторот на советничката група, Јован Стојаноски рече дека не сакале да бидат дел од срамни одлуки како што се продажбата на државното земјиште на три многу атрактивни локации во градов. Од СДСМ сметаат дека одлуката за продажба на државно земјиште ја доведува во прашање изградбата на автобуската станица, домот за стари лица и катните гаражи кои се витални проекти од огромно значење за охриѓани.
Власта на ВМРО-ДПМНЕ и Бакрачески...
Post Views: 3
Извештајот за остварување на Буџетот на општина Охрид од почетокот на годината заклучно со месец септември, измената на одлуката за извршување на Буџетот на општина Охрид за 2014 година и предлог одлуката за донесување на Буџетски календар на општина Охрид за 2015 година, камен на сопнување кај советниците од опозицијата и позицијата. Опозицијата потенцираше дека сосема е јасно дека имаме извршување на буџетот од 54,5% што значи дека и оваа година буџетот нема да биде остварен онака како што е планиран, рече координаторот на СДСМ, Јован Стојаноски.
-За жал ќе има ребаланс...
Post Views: 3
Градските избраници ќе носат одлуки за иднината на три капитални проекти за градов . На утрешната 33та седница на градскиот совет ќе се најдат предлог Одлуката за оттуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Македонија за изградба на катна гаража, предлог одлуката за оттуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Македонија за изградба на автобуска станица и предлог одлуката за оттуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Македонија за изградба на дом за стари лица. Што се однесува до проектот за современата автобуска станица од Локалната...
Post Views: 0
„Детектор за лаги“ е новата премиера на охридскиот театар. После пауза од една година актерите повторно ќе застанат на штиците што живот значат. Овој пат режисерската палка е во рацете на Ненад Витанов на кого ова му е прва соработка со охридскиот театар. Витанов од свој агол ја обработил вечната тема, а тоа е односот помеѓу жената и мажот. Приказната е за двајца сопружници кои имаат проблеми во бракот и ќе побараат помош одтручно лице. Во тој момент во реалниот живот би почнала трагедијата, но во оваа драма тука почнува комедијата.
Комплетно се посветивме на оваа проблематика...
Post Views: 0
Нова туристичка понуда во градов. Охридските рекреативни риболовци се подготвуваат за организирање на риболов со кајак по Јадранскиот слив почнувајќи од Охридското Езеро, преку Црн Дрим, Дебарското Езеро, Албанија, езерото Фрејза, па се до реката Бојана. Оваа идеја на спорското риболовно друштво „Свети Апостол Петар“ привлече огромен интерес не само кај домашните туку и кај странските риболовци. Радован Димитриески-претседателот на ова риболовно друштво вели дека неопходна им е помош за реализација на оваа идеја.
Ние само можеме да ја извршиме услугата како водичи,...
Post Views: 0
Прва среќе за Валентина Адамова. Таа годинава за прв пат учествуваше на манифестацијата „Тортијада“ и за својата креација „Морски брег“ во категорија на аматерки ја освои првата награда. „Клавир торта“ од хотел Белведере го освои првото место во категорија професионалци. Женскиот центар „Бисера“ по 19ти пат ја организира манифестација „Тортијада“. Натпреварувачките беа поделени во две категории и тоа аматерки и професионалки. Радува фактот што на оваа манифестација се повеќе учество земаат младите жени.
Многу млади прават торти и тоа многу интересни креации. И по вкус...
Post Views: 2
Идните возачи и нивните инструктори под будното око на камерите. Во новиот предлог Закон за безбедност во сообраќајот на патиштата предвидено е до 2017та година сите Авто школи во државава да вградат камери во училниците и во возилата со што ќе се снимаат теоретските и практичните часови. Оваа новина не само што финансиски ќе ги оптовари авто школите бидејќи една таква камера чини околу 2000 евра, туку создава дополнителен стрес и кај кандидатите и кај инструкторите. Тие цело време додека се на предавање или додека возат ќе бидат сконцентрирани на камерата, а не на...
Post Views: 10
Охридскиот суд денес ширум ги отвори вратите за граѓаните. 25ти октомври е европски ден на граѓанските права кој се одбележува во сите држави во Европа, а целта е правдата да се доближи до граѓаните и тие да бидат запознаени со нејзиното функционирање.
Денес им се овозможува средба на сите граѓани заинтересирани преку непосредни контакти да остварат прием и да се запознаат со работењето на основниот суд во Охрид, вели Милчо Клишески, претседателот на основниот суд во Охрид.
Претседателот на охридскиот суд е задоволен како истиот функционира и нагласува дека се повеќе...
Post Views: 10
Во Охрид од неодамна може да се пие перфектно италјанско еспресо какво што се подготвува во светот. Дваесетина баристи од регионов четири дена беа на специјални обуки во кафе академијата во Скопје и здружението на баристи за да ги научат тајните на овој занает. Подготвувањето на кафе и неговото служење преставува цела наука и овај топол напиток без кој многумина не можат да го започнат денот треба да биде подготвен до перфекција. Душко Петровски, еден од баристите кој ги посетувал овие обуки, а кој денес во кафе терасата „Аквариус“ доби и сертификат за тоа, вели дека...