Post Views: 3
Осма година по ред во Охрид, но и во целата држава се одбележува денот на Свети Сава. Ова е еден од назначајните православни празници во српскиот верски календар. И оваа година свеченоста се одржа во ресторанот „Белведере“, а за организацијата се погрижија членовите на српско-македонското друштво „Коштана“. На традиционалната богата трпеза, покрај различните српски јадења, се наоѓаше и светисавскиот колач, а од младите членови на „Коштана“ беа рецитирани песни за големиот светец. По повод празникот, убава порака испрати претседателот на „Коштана“, Среќко Стојановиќ.
Ние...
Post Views: 1
Компании од Катар, Украина, Азербејџан, Англија пројавиле интерес за изградба на објекти за развој на здравствен туризам на локацијата кај поранешната Детска болница, тврди градоначалникот Никола Бакрачески. Управата за имотно-правни односи при Министерството за финансии по неуспешниот прв оглас заизградба на хотелски капацитети на овој потег, го објави вториот.
Првиот оглас кој заврши пред месец и половина не се пријавија кандидати. Поради тоа беше извршена корекција на условите што ги имаше поставено Министерството за финансии. Сега е објавен втор оглас кој е објавен...
Post Views: 8
Охриѓани добија уште едно катче каде што ќе можат да ги згрижат своите деца. Денес свечено беше отворена детска градинка во рамките на ОУ „Кочо Рацин“ каде на простор од 90 метри квадратни адаптирана е една занимална во која ќе престојуваат дечињата, кујната е преадаптирана, а санирани се и санитарните чворови. Ова е трет ваков проект реализиран во изминатите неколку месеци наменет за зголемување на капацитетите за згрижување на деца од предучилишна возраст. Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески истакна дека овој проект се реализира во рамките на Стратегијата на...
Post Views: 3
Стагнираат работите околу уредувањето на просторот во непосредна близина на основното музичко училиште на кој треба да се направи нов детски парк. Иако од локалната пред еден месец најавија дека на овој простор до 19ти јануари, на големиот христијански празник Богојавление-Водици ќе се реализира овој зафат, сеуште ништо на повидок. Портпаролот на Локалната самоуправа, Томе Џамтоски објаснува зошто закочија работите.
Знаете дека изминатиов период Охрид го зафати едно снежно невреме, а имаше и многу ниски температури па не можеше да се работи на терен. Сега службата за...
Post Views: 0
Празникот Богојавление-Водици помина, но останаа коментарите на граѓаните околу се она што ја пропрати неговата организација почнувајќи од контроверзниот избор на кумовите па се до изјавата на митрополитот дебарско кичевски Г. Тимотеј кој отворено го нападнаЗдружението „Богојавление“ кое ја организира манифестацијата. Тоа и оваа година е најповикано околу слабостите кои се јавија. Потпредседателот на „Богојавление“, Митко Пендов признава дека ова е нивниот максимум во организациониот дел и дека тие веќе го достигнале врвот. Охриѓани велат дека треба да се размислува...
Post Views: 4
Граѓаните кои се знимаваат со земјоделска дејност било тоа да им е дополнителна или основна дејност, а кои оствариле приход од еден милион и 300 000 ден. Во текот на 2014та год. До крајот на месецов треба да се регистрираат и пријават во Управата за јавни приходи за паушално оданочување со персонален данок . Доколку тоа до сега не го сториле потребно е да поднесат пријава за регистрација на обврзници кои остваруваат приходи од земјоделска дејност и барање за паушално одданочување за приходи од земјоделска дејност. Доколку веќе се регистрирани како обврзници кои остваруваат...
Post Views: 13
Традиционално како и изминативе години, денес на „Денот на рибарите“ се фрлаа петте буриња со вино. Од нив, само едно беше полно со црвено вино, а оној кој го фати ова буре, доби Божји благослов и дарови од здружението „Богојавление“.Оние кои скокаа по бурињата, најпрво запалија свеќи за здравје, а од црква заедно со црковните симболи се упатија на пристаниште. Денешниот ден донесе радост за Климент Довлев од населбата Кошишта.
Скокам веќе четврти пат по бурето со вино и еве годинава ми се посреки. Сега виното ќе го поделам со другарите и заедно ќе го пиеме и ќе славиме,...
Post Views: 5
Богојавление -Водици, празник кој им пркосел на сите општествени турбуленции и си го задржал автентичното одбележување со фрлањето на крстот и осветувањето на водите. Иако во некои периоди како на пример за време на поранешна СФРЈ поради забраната од тогашните власти, била прекината традицијата крстот да се фрла во езерото, сепак се изнаоѓале форми и начини како да се направи и зачува таа традиција. Никогаш во Охрид не престанало фрлањето на крстот па тоа се правело во црквата Св.Никола-Ѓеракомија, каде што крстот бил фрлан во голем казан. Од 1973 год. овој настан повторно...
Post Views: 24
Гранки, испаднати дрва, камења и земја преставуваат голема пречка во одвивањето на сообраќајот на потегот од Кошишта до Горна Порта. Ваква е сликата од предновогодишните празници кога во Охрид заврнаа 30тина сантиметри снег кој беше причина многу стари дрва да се откорнат а и потпорниот ѕид да попушти. Граѓаните кои живеат таму реагираат и бараат од службите да го расчистат коловозот бидејќи на улицата сега не можат да се разминат две возила. Од Локалната објаснуваат дека Градоначалникот во координација со стручните служби и со Јавните претпријатија направиле план како...
Post Views: 6
Социјалната заштита во градов ставена на маргините. Средствата кои општинава ги издвои за оваа намена со буџетот за 2015та се премалку за да се задоволат потребите на оваа ранлива категорија на граѓани, вели советничката од НСДП, Верица Хајба.Срамно е во денешно време Локалната самоуправа да предвиди буџет од 200 000 ден. за оваа намена. Поднесов амандман за да се изврши корекција и да се направи трансфер од буџетот наменет за програмата за трансфери на спортските клубови каде е предвиден буџет од 4милиони денари и да се издвојат еден милион денари кои би отишле во...
Post Views: 1
48 часовна апсолутна слобода на телото и умот. Тоа е нараскинлив дел од традиционалниот вевчански карневал и на сите учесници во него, кој веќе бележи 1400 години од своето постоење. Во овај театар на отворено продефилираа повеќе од 1000 василичари носејќи интересни маски. И овој пат карневалските маски беа инспирирани од личности и настани кои ја одбележаа 2014 година. Вевчанската сатира оваа година најмногу ја почуствува ЕВН.
Манифестацијата започна пред два дена, а кулминацијата на прославувањето се очекува вечерва. Вевчани кое живее за оваа традиција која има долги...
Post Views: 3
Се чисти депонијата на Мауцкер. Екипи на Јавното претпријатие „Комуналец“ започнаа со интензивно чистење на градежниот шут и на останатиот отпад кој години наназад нелегално се депонирал таму. Секретарот на општината, Димитар Спасески вели дека иако ова место било одредено само за времено депонирање на градежен шут тоа било злоупотребено и од некогашните раководства на ЈП „Комуналец“ и од граѓаните.
Многубројните раководства особено во ЈП „Комуналец“ под превезот на „Чист Охрид“, за да си прават помали т-ци за депонирање на отпадот превземале недозволени активности ...